Africanism -нова трака на македонскиот диџеј Деан Мицкоски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Africanism е новата трака на македонскиот диџеј и продуцент Деан Мицкоски, кој во периодот на изолација успеа да воспостави нови соработки и да работи на своите нови проекти.

Тој веќе неколку години живее и работи во Њујорк.

Траката беше јавно поддржана од легендарниот Роџер Санчез, во чија сопственост е и „Stealth Recording“.

Санчез на еден од своите онлајн настапи во живо го промовираше новото видео на Деан.

Во меѓувреме и песната Hand over heart, која Деан ја сними во соработка со мега популарната Shawnee Taylor која се прослави со нејзиниот долгогодишен легендарен хит „Live Your Life“ со светски познатиот DJ Erick Morillo., на реномираната музичка платформа „Spotify“ веќе достигна милион прегледи.

 

Мицкоски досега има издадено траки за добро познатите продуцентски куќи „Subliminal Records“ во сопственост на Ерик Морило и „Amada Music“ на Армин ван Бурен.

 

Во своите видеа и јавни настапи има поддршка и од Тиесто, Pete Tong, Џејмс и Рајан Марциано, остварил повеќе соработки со Морило и многу други.

Во интервјуто за Тера телевизија се потсетивме на неговите настапи во мезе бар Јагода, клубот Инфинити, настапи кои битолчани одлично ги паметат по фантастичната атмосфера, а Деан ни октри дека едвај чека повторно да настапува во Битола.

Повеќе во видеото во продолжение.

Share.