Ахмети организира средба со лидерите на албанските парламентарни партии – Беса бојкотира

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Повторно безуспешен обид на лидерот на ДУИ Али Ахемти да ги седне на иста маса лидерите на парламнентарните партии на Албанците.

Претседателот на ДУИ  денеска ги покани лидерите на албанските парламентарни партии на заедничка работна средба за да се разгледа имплементацијата на програмските определби. средбата, како што соопшти ДУИ, ќе се одржи во Скопје во хотелот „Александар Палас“.

Беса повторно ја бојкотира средбата , Билал Касами и денеска нема да се појави на состанокот. Од Беса поканата ја оценија како лицемерна и без суштинска тежина.

Додаваат дека доколку ДУИ навистина се интересира за проблемите на Албанците наместо средби за сликање по хотели, треба да одржи состанок во Собранието кое што е место за дебата за овие проблеми.

Share.