Ако денеска не се појави на суд, на Пучдемон му се заканува апсење

0
184

Доколку сменетиот каталонски лидер Карлос Пучдемон денеска не се појави пред судот во Мадрид, Шпанија би можела да побара европска потерница за него.

Шпанскиот весник Паис наведе дека во тој случај Шпанија  од Белгија, каде што моментално се наоѓа Пучдемон, ќе бара неговата екстрадиција.

Пучдемон во Шпанија е обвинет за побуна, непослушност и измама на државните пари, и во четврток би требало да се појави пред судот во Мадрид. Тој и останатите 13 каталонски функционери би требало да бидат сослушани утре и во петок.

Пучдемон е во Брисел и неговиот адвокат рече дека тој нема да одговори на судскиот повик и ќе бара да биде испитан во Белгија.