Активен подводен вулкан закана за бродовите на Карибите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Засилената сеизмичка активност на подводен вулкан во Карипското Море ги принуди властите да воспостават пет километри широка зона за забранета пловидба поради опасноста за бродовите.
Вулканот Кик’ем Џени се наоѓа осум километри северно од островот Гренада, околу 200 километри од Венецуела. Поради засилената активност, научниците на Тринидад и Тобаго секојдневно го следат вулканот од 11-ти јули.

Активноста кулминираше со помали ерупции на 23-ти јули, поради што степенот на опасноста е подигнато на „портокалово“ ниво, што значи дека вулканот може да еруптира за помалку од 24 часа.

Вулканот е особено опасен за бродовите и чамците, бидејќи гасовите кои ги испушта може да ја намалат густината на водата, па може да потонат дури и доколку нема ерупција, предупредуваат експертите.

Вулканот е висок 1.300 метри, а кратерот му е 180 метри под нивото на морето, Од неговото откривање во 1939 година еруптираше дванаесет пати, последниот пат во 2001 година./крај/мф/сн

Share.