Акција против дивите продавачи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Струмица немало откуп на земјоделските производи, од Битола полицијата и инспекцијата го брка. Со ваква судбина денеска се соочи земјоделецот Игор Врчков од Струмица, кој што со својот камион пред Клиничката Болница, до денес напладне, продаваше овошје и зеленчук. Беше посетен од страна на полицијата и инспекцијата, кои што му рекоа  да го собере овошјето и зеленчукот во камионот и да оди да продава  во битолскиот пазар, а не на улица.

-На пазарот е скапо. Ни бараат многу, а толку не вадиме за да можеме да платиме.  Треба да платиме 13 илјади денари за местото, ни бараат 1000 денари за обезбедување и плус 20 денари се наплаќа тоалетот. Јас денес сум тука 4- ца, само за тоалет треба да платиме околу 500 денаари, тоа е голем трошок за нас, вели Игор Врчков земјоделец и продавач од Струмица

-Да е пониска цената за закупениот простор, ние ќе одиме ќе продаваме во пазарот. Да ни бараат до 100 евра јас ќе одам ќе продавам во битолскиот пазар, вели Врчков

Цел живот се занимавал со земјоделие. Се 9- члено семејството, од кои 5 деца,тој и неговата сопруга не биле вработени, а неговите родители не земале пензија . Живееле само од она што ќе го заработеле како земјоделци.

– Сакам да ме остават барем 20 дена во месецот за да го продадам она што сум го произведил. Ние од таму не доаѓаме за да продаваме на улица, доаѓаме  да ја продадеме робата.Од тука незнам каде ќе одам. И да одам долу сега ќе неможам место да најдам, незнам стварно каде да се оди. Не продаваме од што ни е убоаво, продаваме за да преживееме, вели Врчков


Согласно законот, забрането е продавање на било што на јавен простор и надвор од местата, односно официјалните пазари. Но не само овој, има и други примери низ градот, каде на диво се продава каде што ќе се стигне. Од друга страна пак продавачите велат дека се приморани да ги кршат законите и дека не од што им било убаво тргнале по градови и села да го продадат она што го прозиведиле.

Share.