Албанија му враќа на Бразил 26 тони месо поради салмонела

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Албанската Национална комисија за храна соопшти дека ја враќа пратката со месо во Бразил, откако при проверките било утврдено присуство на високо ниво на салмонела.

Приближно 26 тони смрзнато месо од живина, увезено од албанска компанија, се блокирани во пристаништето Драч од почетокот на месецот.

Во соопштението од албанската Национална комисија за храна се дополнува дека месото од живина ќе биде вратено во Бразил, откако ќе биде комплетирана потребната документација во царината.

Share.