Американецот Џастин Мартин потпиша за КК Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Џастин Мартин е најновото засилување на Пелистер, како потврда дека битолчани се решени повеќе да немаат епизодна улога на македонската кошаркарска сцена. Станува збор за крилен кошаркар кој може да настапува и како крилен центар, а кој кариерата во НЦАА ја мина во престижниот универзитет Ксавиер.

По доаѓањето во Европа тој има настапувано во Русија, Германија, Кипар и Исланд, а минатата сезона со голем успех го носеше дресот на Паниониос,

Новиот тренер Марјан Илиевски летово ги ангажира македонските репрезентативци Бобан Стајиќ и Бојан Трајковски, како и српскиот центар Игор Кесар. Во Битола ќе игра и Џалил Абдул Басит, сонародник на новоангажираниот Мартин.

Share.