Американец и Мексиканка се венчаа на границата

0
367

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на идејата на претседателот на САД, Доналд Трамп да подигне ѕид со кој би спречил влез на мигранти од Мексико.

„За заљубените овој ѕид не постои. Љубовта не познава граници“, изјави невестата Евелиа Рејес.

Младенците се заколнаа на вечна љубов и си разменија прстени, по што со дозвола на граничарите специјално за оваа прилика, ја отворија и вратата на оградата што ги дели двете земји.

Свеченоста беше организирана од страна на „Гранични ангели“, невладина организација за заштита на правата на мигрантите.

Младенците стапија во брак пред оградата, под будното око на граничната полиција во САД и во придружба на неколку членови на семејството и пријателите.

Двајцата се запознале пред три години.

makfax.com.mk