Април месец на аутизмот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Статистиката покажува дека во светот на секое 154 дете едно се раѓа со тоа тешко развојно пореметување, познато како аутизам. На втори април се одбелжува како светски ден од 2008, а пак Македонија се вклучи во одбележиувањето од 2010 година.

Целите на оваа кампања се подигнување и зајакнување на јавната свест за постоењето на проблемот со аутизам, како и едукација и поблиско информирање за овој проблем, неговата фреквенција, рана дијагноза и третмани.

Првите знаци за оваа состојба се јавуваат во раното детство. Симптомите можат да бидат благи, понекогаш и незабележителни и можат многу да варираат.

Првите симтоми се забележуваат помеѓу 18 месечна возраст и 30 месечна возраст, меѓутоа многу често и многу порано родителите можат да забележат одредени симптоми кои се јавуваат кај малите деца односно бебињата, изјави спц. д-р Билјана Гагачовска

Децата со аутизам имаат емоции но не знаат да ги покажат.

Децата со аутизам исто така се радуваат.Но начинот на нивното радување може да биде поразличен, вели д.р Гагачовска

Што по заваршувањето на училиште кај овие деца ?

За време на школувањето и тие деца можат да функционираат и работат , тие можат да функционираат најнормално меѓутоа би биле чудни за околината вели таа.

Точната бројка на лицата со аутизам во Македонија, како и на новооткриените случаи годишно е непозната, бидејќи во државата не постои официјален национален регистар.

Share.