Зоран Мишевски

Александар Ставрев ќе го суди финалето на Купот на Македонија

Македонскиот судиски интернационалец, Александар Ставрев, ќе биде главен судија на финалето во Купот на Македонија. Финалето на националниот куп е на програмата во среда на Националната Арена во Скопје. Познато е дека во битката за пехарот се среќаваат екипите на Академија Пандев и Силекс, а мечот стартува во 19:00 часот. На Ставрев ќе му помагаат ПОВЕЌЕ…

Вардар двапати ќе ја пречека Металопластика во СЕХА лигата во Скопје

Сезоната во СЕХА Газпром лигата ќе заврши со осминафиналните дуели меѓу Вардар 1961 и Металопластика. Победникот од тој двомеч ќе се пласира во четвртфиналето на СЕХА лигата чии дуели дополнително ќе бидат закажани, но ќе се играат во август. Вардар 1961 и Металопластика се договорија своите две средби од осмина-финалето да ги одиграат во Скопје, ПОВЕЌЕ…

Драгарски и Гудиаби ја срушија Беласица, Пелистер заврши шести во Првата лига

Пелистер со победа над Беласица со 2-0 (1-0) ја заокружи сезоната во Првата лига. Иницијативата на домаќините вроди со плод во 19. минута, кога по центаршутот од левата страна на Размоски, Ристе Илијовски кратко додаде, а капитенот Драгарски постави нога и реактивно ја затресе мрежата на Беласица. Конечниот резултат го постави Гудиаби, кој направи дар-мар ПОВЕЌЕ…

КК Медика Карта најавува голем кошаркарски спектакл во Битола

Во својата прва сезона во Втората лига – Запад, младиот битолски клуб Медика Карта Битола ја исполни зацртана цел и опстана во единствената Втора лига за сезоната 2021/22. Клубот кој зад себе ја остави само првата сезона во натпреварувачки систем се стреми да стане развоен центар за млади кошаркари во овој регион, па со овој ПОВЕЌЕ…

МОК му даде максимална поддршка на македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски

Македонскиот Олимписки Комитет организираше средба со новинарите по повод големиот успех на Дејан Георгиевски кој успеа да обезбеди норма за летните олимписки игри во Токио и ќе ја претставува нашава земја во Таеквондо. Задоволството од постигнатиот успех го нагласи првиот човек на МОК, Даниел Димевски. „Ние како олимписки комитет препознавме квалитет и затоа се погриживме ПОВЕЌЕ…