Зоран Мишевски

Немања Обрадовиќ е нов член на Еурофарм Пелистер

Српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. Левиот бек се обрвза на едногодишен договор со битолскиот клуб и ова лето ќе пристигне во нашата земја и официјално ќе биде претставен во Битола. Обрадовиќ доаѓа од ППД Загреб, клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21. 30-годишниот лев бек има огромно искуство од настапите ПОВЕЌЕ…

Лазаров и Кузмановски најдобри македонски стрелци во квалификациите

По завршувањето на квалификациите за пласман на Европското првенство, извесна е финалната листа на стрелци по шесте квалификациони кола. Македонскиот капитен Кирил Лазаров е на осмото место со 32 гола, додека Филип Кузмановски ја дели деветтата позиција со Шилер од Германија со по 31 погодок. Енди Шмид од Швајцарија со 55 гола е најдобар стрелец, ПОВЕЌЕ…

Сите репрезентативци од Еурофарм Пелистер изборија пласман на ЕП 2022

Сите повикани репрезентативци, членови на Еурофарм Пелистер се квалификуваа на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година. Најамалку единаесет ракометари се изборија со селекциите на Македонија, Црна Гора, БиХ и Хрватска да играат на континентналниот собир. Македонија: Никола Маркоски, Велковски, Костески, Маџовски (резерви Кузманоски и Кукуловски) Црна Гора: Радовиќ БиХ: Периќ, Граџан, Стјепановиќ, ПОВЕЌЕ…

Македонија од третиот шешир ја чека ждрепката за ЕП во Унгарија и Словачка

Официјално завршија квалификациите за пласман на следното Европско првенство од 13 до 30 јануари 2022 година кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На овој континентален собир ќе учествува и најдобрата македонска репрезентација која денеска го запиша и петтиот триумф, совладувајќи ја по вторпат Швајцарија. За нашата селекција предводена од селекторот и капитен Кирил ПОВЕЌЕ…

Лазаров и Митревски ја водеа Македонија до победа против Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Швајцарија со 29-28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Иако македонскиот национален тим и пред натпреварот го имаа обезбедено учеството на евро-шампионатот, одиграа без калкулации и на крајот заслужено се радуваа. „Црвено-жолтите“ до победата ги предводеа селекторот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по шест ПОВЕЌЕ…