Авион со 107 патници се урна во Пакистан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авион Ербас А320, на пакистанскиот национален авиопревозник ПИА, со 99 патници и осум членови на екипажот, се урнал денеска во станбена област на јужниот пакистански град Карачи, во близина на аеродромот, соопштија властите, пренесе Ројтерс.

„Авионот ПК 8303 со 99 патници и 8 членови на екипажот денеска се урна“, изјави портпаролот на националниот превозник.

Пакистанската армија соопшти дека нејзините сили за брза реакција стигнале до местото на несреќата. Локалната телевизиска станица ТВ Гео прикажа снимки од метеж во близина на местото на настанот, како и амбулантни возила кои се обидуваат да се пробијат низ густо населеното место над кое се крева црв чад, пренесе Ројтерс.

Share.