Авионските делови пронајдени на Реунион се од МХ370

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авионските делови што беа пронајдени на островот Реунион во Индискиот океан му припаѓаат на авионот „Малезија ерлајнс“,кој исчезна лани на 8 март, соопшти вечерва малезискиот премиер Наџиб Разак. Разак рече дека со тешко срце и соопштува на јавноста дека меѓународниот експертски тим потврди дека авионските делови му припаѓаат на МХ370. Во Боингот 777,кој исчезна  веднаш по полетувањето од Куала Лимпур кон Пекинг се наоѓаа 239 патници и членови на екипажот. 

Share.