Автобус со македонска регистрација изгорел кај Јагодина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Автобус со македонски регистарски таблички изгорел денеска на делот од автопатот кај Јагодина. Повредени во пожарот нема, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според српските медиуми, пожарникарите го изгаснале пожарот кој го оквалификувале како самозапалување, а сообраќајот на овој дел од автопатот е нормализиран.

Според пишувањата на српските медиуми, патниците навреме го напуштиле автобусот, a се запалил изутрината на правецот кон Ниш, кај надвозникот за селото Кончарево и целосно изгорел.

Share.