Бајден во Белград им се извини на семејствата на загинатите од бомбите на НАТО во 1999

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден им се извини денес во Белград на семејствата на загинатите во четиримесечните воздушни напади на НАТО врз Србија и СР Југославија во 1999 година, оценувајќи дека сега мирот и стабилноста на Западен Балкан се исклучително важни за цела Европа, и го пофали лидерството на Србија во регионот, особено во однос на Хрватска.

Би сакал да им изразам сочувство на сите семејства што ги изгубија своите сакани во кампањата на НАТО“, кажа американскиот потпретседател, инаку еден од американските политичари кои на крајот на 90-тите се залагаа за воена интервенција на Западот врз Србија.

Бајден, кој со посетата на Белград ја почна балканската турнеја, на заедничка прес конференција со премиерот на Србија Александар Вучиќ, ја нарече Србија „клучен политички и економски камел темелник за целиот регион“.

Тој истакна дека ја цени пораката на Вучиќ дека Србија ќе преземе одговорност за сите погрешни дејства од минатото, со надеж дека „тоа ќе го направат и други земји во регионот“.

Share.