Бајрамовска шампион на Словенија со Крим

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолчанката Мирјета Бајрамоска со екипата на Крим ја освои шампионската титула во словенечкото првенство. Во решавачкиот натпревар за математичка потврда на првото место, Крим славеше против екипата на Загорје со 26:23. Тимот од Љубљана ја освои 21 последователна шампионска титула и ја продолжува својата доминација во првенството на Словенија. Бајрамоска во јуни минатата кога од Металург мина во Крим е ударна сила во нападот словенечкиот шампион. Таа беше втор стрелец на Крим во Лигата на шампионите со 59 гола постигнати во групната фаза. Со добрите настапи, Бајрамоска ја заслужи довербата од раководството на Крим и го продолжи договорот со словенечкиот тим и за наредната сезона.

Share.