Balkan Fusion -нова композиција на Димитар Митровски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Нешто многу поинакво низ убавите звуци на хармониката од рацете на младиот и талентиран хармоникаш од Битола, Димитар Митровски. Тој деновиве го промовираше видео спотот за неговата композиција „Balkan Fusion“, несекојдневна композиција која секако звучи освежувачко.
„Идејата за оваа композиција ја имав од порано, но се решив да седнам и да го сработам со моите колеги. Во композицијата  „Balkan Fusion“ имам вметнато повеќе стилови музика и некои интересни работи од џез музиката, нешто многу поразлично од се досега што сум изведувал на хармоника. Се надевам дека на сите што ќе ја слушнат ќе им се допадне. Сакам да му се заблагодарам на Мими Марковски и Гимел Студио кој одвои време за да го снимаме овој проект, професорот Кирил Стојчевски кој свири пијано во композицијата и со кого заедно двајцата се погриживме за аранжманот, Коста Стевановски на бас гитара и Трајче Ивановски на ударни инструменти. Голема благодарност до Камарите каде се снимаше спотот, а за спотот и монтирањето се погрижи Куба Видео, чија идеја беше и приказната со девојката на спотот, бутикот Линкести. Голема благодарност до Јове и Стефан кои беа дел од спотот и најголема благодарност до Антонија која го разубави спотот,“ ни изјави Димитар Митровски.
 
https://youtu.be/UQ8EmcadLwM
Share.