Balkan Mayhem, музичко видео на Brass Brothers

Групата Brass Brothers после успешната летна сезона, исполнета со многубројни настапи во земјава , се враќаат со серија од нови музички изданија од нивниот прв музички албум. Имено неодамна ја промовираа нивната нова песна Balkan Mayhem, која во исто време е и носител на истоимениот албум.

Новото издание е инструментален експлозивен спој на дувачки инструменти со драменбејс, балкан бит и џангл стил и одлично ја доловува силната и фуриозна атмосфера од живите изведби на еден од најенергичните македонски бендови.

Музиката е на Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус. Balkan Mayhem е снимена во студио Алшар во Скопје, додека микс и мастеринг се изработени од Пауло ПГ од Бразил.

Песната може да ја слушнете на следниот линк:

Огромен придонес во музичката реализација на Balkan Mayhem имаат и долгогодишните музички брас соработници на Brass Brothers: Стефан Тасевски – Соло Алт Саксофон, Иван Трајковски – Тенор Саксофон, Илија Мицев  – Соло Труба, Стефан Илиев  – Труба и Александар Нинич – Туба.

Пред оваа песна тие ги промовираа“Inseparable”, winner, потоа песната take my hand, како дел од албумот Balkan Mayhem.

 

Неда Маретиќ

Сподели