Белгиски суд денеска одлучува за екстрадицијата на Пучдемон

0
210

Сменетиот каталонски лидер Карлес Пучдемон и четворицата негови поранешни министри денеска ќе се појават пред белгиски суд, на прво сослушување заради евентуална екстрадиција на Шпанија.

Тоа ќе биде нивно прво сослушување откако белгиските власти ги пуштија да се бранат од слобода.

Обвинителот во Брисел претходно потврди дека сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати, по што ќе следува одлуката дали и кога ќе бидат испорачани на шпанските власти.