Битолчани денес трчаа на Сплитскиот маратон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Крајот на февруари е одлично време да се избегне студот и снегот и да се започне сезоната на трки, па и да се помине викендот во Сплит –бисерот на Медитеранот.

Три илјади тркачи утрово уште од девет часот во центарот на Сплит на Рива, ги започнаа полумаратонските и маратонските трки. Помеѓу учесниците од целиот свет се и нашите битолчани од планинарската еко група Турни ме да кинисам, заедно со членови на Охрид трчат, со кои често заедно и планинарат.

 

Тркачите на сплитската Рива привлекоа голем број на присутни кои ги бодрат маратонците, полумаратонците, рекреативите и сите оние кои сакаа да учествуваат во масовниот адреналински спортски настан.

19 години по ред по сплитските улици се трчаше полумаратон, а од оваа година започна маратонската трка.

Манифестацијата официјално започна во саботата во спортскиот центар Грипе со отворањето на саемот СТ. Спорт Експо, а беа одржани и детските трки за деца од 6 до 14 години, како и трката на граѓани Трофеј на Слободна Далмација на 5 км.

Маратонската патека после Рива непосредно до Диоклецијановата палата, води низ срцето на Сплит кон излезот на градот, кон северното сплитско крајбрежје, низ војното пристаниште Лора и кон Пољуд-стадионот на фудбалскиот клуб Хајдук, продолжува околу Марјан до јужното сплитско крајбрежје, па се до плажите Бачвице, Жњан и назад до палатата на Рива.

Настанот е во организација на Марјанскиот клуб Марјан, најголемиот маратонски клуб во Далмација и еден од најголемите во Хрватска.

На маратонците им се придружи сплитскиот градоначалник Андро Крстуловиќ Опара, кој рече дека ова е вистинска промоција и голем успех за организаторите.

  • Прераснавме во една убава манифестација. Во градот имаме повеќе од три илјади луѓе, кои ќе шетаат по улиците на најубавиот град во светот .
  • Ова е вистинска разгледница и понуда за Сплит, Далмација и Хрватска. Многу луѓе работеа на ова и конечно имаме вистински маратон – рече државниот секретар за туризам Тончи Главина.

 

Сплит овој викенд уште еднаш стана една од водечките дестинации за трки во Европа, каде се развиори и македонското знаме.

Благодарност до членовите на Турни ме да кинисам за фотографиите.

 

Share.