Битолски кавер на песна од „The Cult“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолчаните Михајло Трајковски – Сак, Кристијан Магденовски и Владко Симоновски, направија акустичен или како што тие го насловија, „Сакустичен“ кавер на песната „Fire Woman“ – The Cult.

Тие настапуваа и низ битолските локали, додека имаше дозвола за тоа, а со оглед дека сега е забрането музицирање, се одлучиле да направат кавер, во домашни услови, снимен со мобилен телефон.

Вокалите ги пее Михајло Трајковски – Сак, а на двете гитари, како и придружни вокали ги потпишуваат Кристијан Магденовски и Владко Симоновски. Видеото го снимаше Горан Тренчевски, а го монтираа Магденовски и Симоновски. Снимањето на звукот, миксот и мастерингот се на Владко Симоновски, кој е во фаза на изградба на ново тонско студио, каде за скоро време ќе има можност да музицира заедно со своите колеги музичати, и од каде се очекува да излезат уште многу музички дела со што би се збогатила битолската музичка продукција.

Share.