Битолски весник ги додели наградите за најуспешните битолчани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По 18 пат викендов се одржа манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” за 2016 година. На Манифестацијата беа прогласени пеесетина успешни битолчани, кои со своите резултати и успеси во минатата година придонесоа за својата лична афирмација и афирмација на градот Битола. Највисокото признание на Манифестацијата за животно дело го доби познатиот битолскиот сликар и уметник Васко Ташковски.

На Манифестацијата признание за општествено одговорна компанија доби фирмата “ Кромберг и Шуберт “, а наградата за новинарство им припадна на новинарката на ТВ “ Тера “ Неда Маретиќ и Радио 105, кое минатата година прослави 25 години од своето работење.Бизнис Академија Смилевски доби признание во областа на високото образование

 

Во областа на политиката по 12 години пауза, првпат признанието за најуспешен политичар на Битола го освои еден опозиционер. Тоа е локалниот лидер на СДСМ и актуелен пратеник Васко Ковачевски. Лазар Котевски и Стево Пивковски добија награда за најдобри градоначалници на Новаци и Могила

„Конект Бич Сливница“ доби признание од областа на турисмот и угостителството, за скијачкиот центар „Ниже Поле“, награда доби ЈП Стрежево. Признание добија и Туристичката агенција Ана турс и компанијата Трејд Пнеуматик- Битола

Софија Бејковска Чачоровска, доби посебно признание за подвиг на годината .Минатата година таа го преплива Охридското Езеро во должина од 30 километри за 10 и пол часа

На Манифестацијата посебно признание Битолски весник му додели на почесниот руски конзул во Битола, Сергеј Самсоненко, кој минатата година целосно го реновира и опреми новиот почесен руски конзулат. Манифестацијата ја организира битолскиот неделник „Битолски весник” најстариот печатен локален медиум во Република Македонија, кој непрекинато излегува 54 години. За наградите конкурирале 150 кандидати. Директен телевизиски пренос вршеше Тера ТВ а Радио 105 радио пренос.

Share.