Бомбашки напад во Киев

0
231

Во бомбашки напад во главниот украински град Киев било убиени две лица, додека петмина други биле ранети, меѓу нив и пратеникот Ихор Мосијчук од опозициската националистичка Радикална партија, соопшти украинското министерство за внатрешни работи. Полицијата е во потрага по напаѓачите и нивните мотиви.

До експлозијата дошло кога Мосијчук и неколкумина други ја напуштале зградата на една локална телевизиска станица во дистриктот Соломјански.

Експлозијата била предизвикана од мотоцикл паркиран во близина на телевизиската станица.