Бон тон однесување при посета на културни настани

0
1148
Man talking on cell phone in movie theater

На скалата од еден до пет публиката која ги посетува културните настани е на 3, велат вработените во културните иснтитуции.

Гласно зборување, кавги, комуницирање на мобилен телефон на сред претстава, филм или концерт, мастики, отварање на бонбони, се најчести испади на посетителите .

Постои одреден бон тон кога се посетуваат културните настани на кој посетителите треба да се придржуваат.

– Доаѓајте на културни настани навреме, барем 5 минути пред почетокот на истиот.

– Доколку Вашето место е на средина и треба да се разминете со некои веќе пристигнати гости, само културно извинете се и разминете се со нив лице во лице.

– Исклучете го мобилниот телефон или ставете го на вибрации.

– Не зборувајте за време на настанот, не шепотете.

-Доколку фотографирањето е дозволено, не сликајте со блиц.

Одењето во културни настани нуди убава прилика на посетителите за неколку часа да излезат од реалноста. Меѓутоа ништо не може да ја уништи таа прилика во театарот како непристојна публика.

– За време на ликовни изложби не треба да се допираат експонатите, ниту пак да се зборува за време додека уметникот или било која личност го отвара настанот или презентира своето дело.

Културата на однесување на било кое јавно место е дел и од домашното воспитување. Истата се гради од најмали нозе, па потоа низ едукативниот систем, медиумите и културните институции.

Почитувањето на овие правила и применувањето на овие совети, скоро секогаш гарантира големо задоволство од културниот настан, како за Вас така и за останатата публика.