Браќата Смаилагиќ од Шведска ќе им судат на пелистерци во Манхајм

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот од четвртото коло од групата Д на Лига Европа меѓу претставникот на Германија, Рајн Некар Левен и македонскиот Еурофарм Пелистер.

Овој натпревар ќе се игра на 24 ноември во „САП Арена“ со почеток од 20:45 часот, а судии ќе бидат Швеѓаните Aндреј и Сандро Смаилагиќ. Делегат на европската ракометна федерација ќе биде Ерман Вулф од Германија.

Во првите два натпревари, Еурофарм Пелистер загуби од ГОГ Гудме и ремизираше со Кадетен Шафхаузен. Натпреварот од првото коло против Татабања е одложен, а термин за ново одигрување уште не е одреден.

Делегацијата на Еурофарм Пелистер в понеделник наутро ќе замине за Германија и со авионски превоз преку Франкфурт ќе пристигне во Манхајм, градот каде што ќе се игра натпреварот.

Share.