Брисел бара да се затвори балканскиот пат за илегална имиграција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европската комисија денеска го осуди непостапувањето на балканските земји по однос на нелегалната имиграција и ги повика да преземат мерки за затворање на балканскиот пат на имиграцијата, пренесоа француските медиуми.

– Балканскиот пат останува отворен за нелегалната имиграција затоа што некои земји од регионот не ги преземаат неопходните мерки за ситуацијата да ја држат под контрола, изјави еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и граѓани Димитрис Аврамопулос на прес конференција во Брисел.

„Овие земји кои сакаат да се приклучат кон ЕУ треба да сфатат дека овој пробем, исто така, ги тангира и нив и дека треба да ни помогнат да управуваме со проблемот на миграцијата“, изјави тој да ги посочи земјите што ги критикува.

Share.