“Будење” на Широк Сокак

0
1807

Обединети под граѓанската иницијатива Будење граѓаните на Битола на Широк Сокак ја потпишуваат иницијативата против доселување на бегалци во градот. Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 на Министерството за труд и социјална политика, изминатите недели предизвика лавина реакции кај населението во повеќе општини.
Целта на оваа иницијатива е граѓаните да се изјаснат во врска со Националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци.

Иницијативата иницира до советот на општината распишување на референдум по однос на ова прашање.

– Целта ние да имамсе своја земја да не бидиме зависни од било кој, посебно од ЕУ. Мене ако ме прашате во ЕУ не би пошол никогаш, затоа се потпишувам, да бидиме сами на своја слобода, вели Кирил Трајковски

– Да не се дозволи да се изградат кампови за бегалци и да немаме прилив на бегалци затоа што тие ќе останат тука и ќе имаме големи проблеми со нив,мислам по мое да се даде приоритет на нашите бегалци што се раселени по Скопје и по камповите на територијата на Скопје, да не му се дава приоритет на ова овде што е транзитно,се надевам дека ќе го послушаат галсот на народот и нема да постапат како што замислиле во таа нивна стратегија изјави Лилјана Јанкуловска

-Јас се потпишувам бидејќи сакам Македонија да остани Македонија, не сакам мигранти тука, не само во Битола туку сегде низ Македонија, работа нема за нашите деца, изјави Дивна Трајковска

Иницијативата започна од вчера, а како што кажаа од таму ќе трае до недела. До денеска до 13 часот се потпишани 1.090 граѓани на општина Битола.