Бугарската Влада ќе гласа за ратификација на Договорот со Македонија

0
414

Владата на Бугарија денеска треба да гласа за предлогот за ратификација на Договорот за добрососедство со Македонија во бугарското Народно собрание.

Договорот беше потпишан на 1 август во Скопје од премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, а формално ќе стапи во сила кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.

Бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева најави дека се очекува Договорот за добрососедство да биде ратификуван во Собранието на Бугарија до крајот на неделава.

Со Договорот се предвидува унапредување на севкупната соработка, а меѓу другото и формирање комисија за историско- образовни прашања на паритетна основа која треба да придонесе за објективно и засновано на докази научно толкување на историските настани поврзани со двете земји.