Бурата Офелија ја пустоши Ирска, тројца загинати

0
430

Три лица загинаа кога тропската бура Офелија го погоди јужниот брег на Ирска, соборувајќи дрва и далноводи и создавајќи бранови со височина до 10 метри.

Повеќе од 360.000 домови и компании се без електрична енергија, а уште 100.000 прекини се очекуваат до ноќта, рече Ирскиот одбор за снабдување со електрична енергија, опишувајќи го како невиден настан што ќе влијае на секој дел од земјата со денови.

Околу 170 летови од двата главни ирски аеродроми во Даблин и Шенон се откажани.

Две лица загинаа во одделни инциденти кога дрвја паднаа на нивните автомобили – жена во нејзините 50-ти години на југо-исток и маж на источниот брег. Друг човек во неговите 30-ти години почина додека се обидувал да го расчисти паднатото дрво во инцидент со моторна пила.

www.mkd.mk