Чаневски: Ни недостигаат натпревари, но спремни сме за ГОГ Гудме (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со сите ракометари спремни и мотивирани за европски бодови, Еурофарм Пелистер синоќа одработи уште еден тренинг пред европскиот дебитантски дуел во групата Д на Лига Европа против ГОГ Гудме.

Капитенот Градимир Чаневски пред натпреварот против данскиот вицешампион рече:

„Имавме доста време да се подготвиме. Ни недостигаат натпревари и самото одложување на натпреварот против Татабања направи да патуваме во Данска без ниту еден одигран дуел. Тие се во натпреварувачки ритам, одиграа половина есенски шампионат и еден натпревар во Европа, во Швајцарија. Одиме да се натпреваруваме, се подготвуваме, не знаеме до каде сме сè уште.

Отсуството на Олсен за нив е хендикеп во една смисла, но во друга смисла е предност. Имаат многу млади ракометари, данската школа е одлична. Ги анализиравме и се спремаме за нив“.

Натпреварот ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер се игра во вторник во 18:45 часот во Данска.

Share.