Чех за 11 млн фунти се сели во Арсенал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Челниците на Арсенал се согласиле на Челзи да му платат 11 милиони фунти како обештетување за голманот Петр Чех, пренесоа британските медиуми.

Репрезентативецот на Чешка 11 сезони е дел од Челзи, а изминатите недели медиумите шпекулираа дека тој се наоѓа на чекор до Арсенал, но самиот го негираше таквиот развој на настаните.

Чех за Челзи има одиграно повеќе од 300 натпревари, за за време на престојот на „Стенфорд Бриџ“ освоил четири титули во Премиер лигата, по една во Лигата на шампионите и Лига Европа, четири во ФА купот и три во Лига купот.

Минатата сезона тој го загуби местото меѓу стативите откако менаџерот Жозе Мурињо реши од Атлетико да го врати Тибо Куртоа.

Share.