Честитка од битолското муфтивство за Рамазан Бајрам

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Спасот, мирот, милоста и берикетот на Аллах нека биде со вас. Почитувани, по едно месечно дружење со најценетиот месец во годината за припадниците на Исламот, Рамазан, дојде време да го испратиме и да го дочекаме Рамазан Бајрам. Радоста на овај Бајрам е навистина посебна, бидејќи доаѓа по месецот на милоста, опростот и доброчинството. Месецот Рамазан не учи да бидеме благодарни на благодетите кои ги имаме, и да бидеме свесни за вредноста на мирот, лубовта и заедничкиот живот. Поуката која ни ја даваше Рамазан нека ни помогне и понатаму да правиме добри дела, да ја цениме добрината, да и се посветиме на меѓусебната доверба, солидарност и единство.  Почитувани, Муфтиството на ИВЗ на РМ Битола, на сите припадници на Исламот, им го честита овој голем Исламски празник, Рамазан Бајрам, со желби за добро здравје и благосостојба во нивните семејства. Gëzuar Fitër Bajramin, Честит Фитр Бајрам, Fitır Bayram Mubarek Olsun“ стои во честитката од битолското муфтивство.

фото: Агим Џело

Share.