Честитка за Денот на албанската азбука

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска со честитка по повод Денот на албанската азбука.

„Почитувани сограѓани, припадници на албанскиот народ, ви го честитам празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

Чест и задоволство ми е што сум битолчанка заради безброј причини, меѓудругото и заради фактот што токму во Битола се одржал конгресот на кој албански интелектуалци ја унифицирале албанската азбука. Со тоа, овозможиле албанците каде и да се, да пишуваат на ист идентичен начин, да ја заштитат и шират својата култура, традиција и посебност.
Музејот на албанската азбука во Битола, денес ја чува одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо, како и копијата од првиот пишуван запис на албански јазик од средината на петнаесеттиот век. Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа нè повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на интеграцијата во Европската Унија.

И како што пред 112 години била унифицирана албанската азбука, денес е време кога ги обединуваме нашите напори за унифицирање на еден подобар, помирен, постабилен, попросперитетен живот за сите граѓани на Република Северна Македонија. Предуслов за тоа е взаемно почитување. Само така можеме да се надеваме дека нашата заедничка историја ќе ја зачуваме, нашата заедничка сегашност ќе ја потврдиме и нашата заедничка иднина ќе ја обезбедиме.“ вели Костадиновска-Стојчевска.

 

Share.