Чествување за големиот Илинден во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Чествувањето на големиот македонски празник Илинден, денес во Битола, започна пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“.

 

Свежо цвеќе во нивна чест, положија Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и претставници од Советот на Општина Битола, како и претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Делегацијата предводена од Градоначалничката Петровска, а во придружба на Сојузот на борци од Битола, со положување на свежо цвеќе одаде почит и пред споменикот на двата Илиндени, пред Центарот за култура.


По повод чествувањето на овој голем празник со двојно историско, општествено-политичко, но и исконско – верско значење за државата, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, порачува:
„Нека ни е честит 2-ри Август, нека ни се вековити вредностите што овој ден ги носи со себе низ столетијата, вредности на почит, соживот, разбирање, слобода, творење и напредок“.

Share.