Четири заминувања од Пелистер ова лето

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новиот прволигаш Пелистер не ги продолжи договорите со Димитар Иванов, Благоја Љамчевски, Антонио Бујчевски и Благојче Главевски.

„Им посакуваме успеси во наредниот период во нивните нови клубови, и секако дека им се заблагодаруваме за тоа што го дадоа за Пелистер“, соопштуваат од клубот.

Горан Ганчев е приклучен во стручниот штаб на Зоран Штерјовски и започнува нова кариера.

Нови имиња во досегашниот преоден рок во клубот од Битола се Танушев, Талески и Илиески.

Share.