Четворица убиени во напад на ИД во Кабул

0
405
AppleMark

Бомбаш самоубиец убил четири лица, додека десетина други ранил во напад во една шиитска џамија во главниот град на Авганистан, Кабул. Бомбашот се обидел да влезе во џамијата, но бил блокиран од полицијата при што дошло до престрелка, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот. Во истата џамија во ноември беше изведен напад од бомбаш самобиец при што загинаа над 30 луѓе.

www.slobodnaevropa.mk