„Чкембари“ тргнаа за Полска да ја бодрат Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претставници на навивачката група на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“, заминаа за Полска каде Македонија до 21 година ја чека историски настап на Европското првенство (ЕП) во фудбал кое почнува на 17 јуни.

„Чкембарите“ заминаа за Полска вечерва, по покана на екипата на Белчатов, чии навивачи ги поканиле битолчани за збратимување. Се очекува во Гдиња тие да пристигнат во текот на утрешниот ден.

Првиот натпревар на ЕП јунаците на Милевски го играат на 17 јуни, а противник е Шпанија со која се соочуваме од 20.45 часот.

https://www.gol.mk

Share.