Code 369 продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс

Групата  КОД 369 го промовираа  своето ‘lyrics video’, со наслов Остани до крај, интересен спој на повеќе жанрови.

Оваа група е основана минатата година. Се работи за еден старо-нов состав од Битола и претставува продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на групата „Памперс“ (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски). Покрај нив во Код 369 членува и Коста Стевановски, (бас гитара, клавијатури).

Во музиката на Код 369 се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации кои проткајуваат во препознатливата рок основа.

Песната може да ја слушнете на следниот линк:

Песната остани до крај е прв синлг од новиот албум, „Stages of Love“, ги прикажува љубовните турбуленции и како порака дека на крајот сепак љубовта победува.

„Идејата за новиот музички проект Код, е всушност продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс. До крајот на годината планираме концерти, а за следната година издавање на албумот“, ни изјави Ирена.

Неда Маретиќ

Сподели