Цените на бензините и дизелот остануваат исти, поскапе мазутот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти, а се зголемува само малопродажнaта цена на Мазутот .

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуроспуер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 60.00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 62.00 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 52.50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг и од полноќ ќе изнесува  26,121 ден/кг.

Во изминатиот седум дневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,262%, на дизелот за 1,045% ина екстра лесното масло за 1,048 %, додека кај мазутот има зголемување за3,899%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,023 %.

 

Share.