Центарот за култура ги отвора вратите за изведувачите и публиката

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од вечерва во Битола се случува фестивалот на музика од светот. Локацијата за вечерашниот настан беше античкиот локалитет „Хереклеа“. В недела во пациото на Завод и музеј уште еден концерт.

Од сега натаму, ќе можат да се организираат и настани во затворен простор, според донесените протоколи на Комисијата за заразни болести, а кои беа прифатени од страна на владата.

Центарот за култура ќе може да прими публика во големата сала до 30 проценти од капацитетот.

Директорката Маја Андоновска-Илијевски вели дека веќе почнаа да ги планираат настаните, а неколку веќе биле резервирани. Еден од нив е Интерфест на класична музика.

Исто така владата наложи намалување на 50 проценти на сумите за издавање на просторот.

 

 

Share.