Д-р.Крстева: Не секој затнат нос и не секоја настинка бара тест за Ковид

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како во светот така и во нашата држава деновиве се бележат голем број нови случаи на Ковид 19. Вчера го достигнавме рекордот од 870 новозарезени , од нив 29 беа во Битола. Ова беше причината за денешното интервју со директорката на Центарот за јавно здравје од Битола др.Елизабета Крстева.

Како ја отценувате состојбата во Битола со Ковид 19, на што се должи ова зголемување на новозаразени лица?

„За жал на почетокот на вториот бран Битола не успеа да ја задржи таа состојба што ја имавме со првиот бран.Додека и тогаш растеа бројките, можеби не толку како сега, Битола тогаш остана негибната односно со по 2 до 4 случаи дневно, меѓутоа овај пат најверојатно се работи на некој начин на летно опуштање на луѓето, дека се ќе биде во ред, дека во Битола нема случаи, и всушност непочитувањето на мерките и опуштеноста на луѓето сето тоа допринесе и Битола да се вброи во градовите со висок број на новозаразени секој ден“, рече др.Крстева.

Дали ширењето на заразата се должи и на времето на чекање од денот на појавата на симптомите до денот на тестирање преку Мој термин?

„Знам дека овие денови има голем притисок од граѓаните за тестирање, меѓутоа јас не би го рекла тоа и не би го сватила така, затоа што овај притисок е само овие денови, можеби една недела, дека сето ова се случуваше претходно кога имаше доволно термини, всушност она презакажување за два до три дена за тестирање не би требало да е резултат на состојбата која што денес ја имаме, туку е резултат на непочитување на мерките. За жал овие денови кога почнаа да се качуваат бројките , луѓето ги фати паника, сега сметаат дека сите се во некаков ризик и дека сите треба да се тестираат и оние кои што имаат минимални или пак благи симптоми, а има голем број на лица кои што немаат никакви симптоми,  а имале накаков контакт со позитивно лице, или пак кузнеј дали тоа било позитивно лице. Притисокот е голем, паника има кај луѓето, бараат тестирање и тогаш кога немора да се направи и би сакала да апелирам до граѓаните тоа да го направат смирено. Не секоја настинка, не секој затнат нос бара да се тестира за ковид. Во моментов навистина имаме голем број на сериозни болни со веќе развиена клиничка слика на ковид инфекција, и тие неможат да дојдат да се тестираат од другите кои што се само исплашени  или биле во контакт, а немаат никакви симптоми и сакаат да се тестираат. Апелирам до граѓаните за малку поголема дисциплина, обавезно консултација со матичен лекар кој ќе им објасни и ќе им кажи дека нема потреба, дури и во семејството да имаат позитивно лице, кое што во домашни услови треба да се изолира, и ако домашните немаат никакви симптоми тие нетреба да се тестираат, а камоли пак во работна организација каде што има еден или двајца позитивни а бараат сите да се тестираат, значи нема потреба . Во овај момент да им дадема предност на тие со симптоми што навистина имаат потреба да се тестираат“, рече др.Крстева.

Ако  порано најчесто болеста се јавуваше кај повозрасните сега гледаме дека е застапена кај помладата популација. Колку активни лица имаме во моментот во Битола и колку се во самоизолација и изолација?

„До вчерашниот ден имаме 225 активни случаи во Битола и околу 600 лица во изолација. Старосната структура е многу поместена од порано. Најголем број од позитивните лица се од 30 до 60 години, значи тоа се лица кои што се социјално активни и тие кои што одат на работа, со што симптоматологијата варира од најлесни до најтешки симптоми кои бараат хоспитализација“. вели др.Крстева.

Освен ковидот, грипот , колку и аерозагадувањето ќе ни ја докомплицира ситуацијата. Кој е најдобриот начин на превенција?

„Со мерките кои што се за ковид се очекува да се намалат и настинките, вирусите и грипот, доколку се почитува носењето на маска и држењето на дистанца. Особено е битно негрупирањето. За да престани хистеријата и паниката кај луѓето мора контактите да се сведат на минимум. Можеби една од причините која што до овде не донесе е и криењето на контактите, па болеста се ширеше. Сега и контактите не се толку важни, голем број се на контакти, меѓутоа претежно преовладуваат семејните кластери. Значи пренесувањето во семејството. Еден член најчесто најмладите, ја носат во семејството, се заболуваат сите, и тоа е она кога не се ни следат контактите дословно затоа што ги има во голем број“, вели др.Крстева.

Од Министерството за здравство беше речено дека вакцината против грип ќе стигни на крајот на месецот. Имате ли информации кога треба да пристигнат вакцините и кога ќе се почни со вакцинирање?

„Вчера најави министерот дека веќе од понеделник ќе почнат да се прават списоците и ќе има посебни упатства како ќе се вакцинираат. Набавени се 40 илјади вакцини кои што бесплатно ќе бидат дадени на сите ризични категории. Годинава вакцинирањето ќе се врши во здравствените домови , најверојатно преку Мој термин, преку матичните доктори, и откако ќе се вакцинираат хронично болните лица, постарите над 65 години, здравствените работници, бремените жени и децата до 6 годишна возраст, после тоа ќе дојдат комерцијалните вакцини кои ќе бидат наменети за другите категории на лица кои што сакаат да се вакцинираат. Вчера беше објавено дека ќе чинат 800 денари, меѓутоа ова се сеуште неофицијални информации , мислам дека во понеделник Министерството за здравство ќе излези со официјални ставови околу ова“, рече др.Крстева.

Share.