Дали за физичка настава на средношколците може да се користат амфитеатрите на факултетите?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерката за образование Мила Царовска ја прашавме дали имало размислување за тоа на пример средношколците од Битола кои учат во училишта каде има многу ученици и помали училници, можат за реализирање на настава со физичко присуство да користат простори на факултетите во Битола каде има поголеми училници и амфитеатри?

„Комисијата за заразни болести беше децидна дека оние кои што ги исполнуваат условите по протокол без да треба да се реорганизираат, а се во повисоките одделенија или класови, а се над четврто одделние тие нема да можат, но оние кои што природно ги исполнуваат условите ќе им биде дозволено. Тоа беше првичната информација од комисијата. Сепак велат дека онаа работна група која што е создадена за да ги донесе овие одлуки и да ги предложи до владата да оставиме да ја сработи својата работа и владата да ги донесе конечните одлуки, но реорганизација значи дека сепак истиот број на ученици ќе бидат изложени на можен ризик и Комисијата за заразни болести е децидна дека во овој момент не би смееле со оваа епидемиолошка слика да го дозволат, но да почекаме да видиме што ќе биде конечниот став“ рече Царовска.

 

Share.