„Deeper underground festival“ се сели во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL“ од Охрид, се сели во Скопје, најавија од Авалон продукција.
ARTBAT, RONI SIZE, LTJ BUKEM & DYNAMITE MC – OPEN AIR во А1 АРЕНА OPEN AIR ќе настапат на 15 и 16 август оваа година.

Како што велат организаторите „Историски тешки времиња бараат историски напори, но се надеваме дека сето тоа ќе резултира со навистина историски успешен настан во ова неверојатно тешко време“.

Од таму известуваат дека поради избегнување на гужви, паркинг и можност за 100% спроведување на протоколите, Авалон Продукција заедно со менаџментот и артистите на фестивалот, одлучија Скопје да биде домаќин на првото издание на „DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL“ кој ќе се одржи на просторот на А1 арената на отворено!

Додаваат дека наместо тридневен фестивал, ќе се случи настан што ќе трае два дена поради редуцираните авионски линии за Македонија и околината, како и моменталната состојба со Корона вирусот во Италија, не се во можност да обезбедат 100 % сигурен транспорт за него и поради тоа, доаѓањето на Meduza во Македонија ќе остане за некоја друга и подобра прилика, велат од Авалон.

Од друга страна, пионерите на dnb сцената кои за прв пат во Македонија ќе имаат b2b настап RONI SIZE & LTJ BUKEM со Dynamite MC настапуваат на 15-ти август, а нивното доаѓање е сигурно и доаѓаат од Лондон.

Доаѓањето на ARTBAT е 100% сигурно бидејќи тие во Скопје доаѓаат од Миконос, каде што имаат настапи во претходните денови пред 15-ти август.

ARTBAT е едно од најактуелните и најбарани електронски состави моментално на светската музичка сцена, а интересот за нивниот настап во Скопје е навистина огромен, што е дополнителен показател за нивната огромна популарност покрај квалитетот кој го поседуваат.

Влезницата за двата фестивалски дена може да ги набавите онлајн на avalon.mk, Avalon music & ticket store и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.
Оние што имаат купено влезници само за MEDUZA и не сакаат да присуствуваат на Deeper underground festival, средствата ќе може да ги рефундираат од оние продажни места од каде што ги имаат купено билетите.

Од Авалон додаваат дека во продажба се само 3.000 влезници по вечер, а согласно протоколите за превенција од Ковид 19, капацитетот на просторот кај А1 Арената за овој настан ќе биде адаптиран на 20% од вкупниот кој е за 15.000 посетители.

 

Share.