Демонстранти упаднаа во Парламентот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Десетина провладини активисти насилно влегле во парламентот на Венецуела кој го контролира опозицијата.

Тие влегле додека траела специјалната седница по повод Националниот ден на независноста.

Демонстрантите носеле стапови, фрлале петарди и предизвикале хаос.

Повикувајќи се на изјави од очевидци, „Ројтерс“ пренесува дека се повредени четворица пратеници, како и новинари.

На фотографиите објавени на Твитер се гледаат повредени опозициски пратеници со раскрвавени лица.

Инаку, опозицијата на Венецуела планира да организира неофицијален референдум на крајот на овој месец за контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро да го смени Уставот преку новото Уставотворно собрание.

Share.