Денес и утре сонце,од недела дожд

0
940

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури за степен-два ќе паднат во споредба со денешните: Скопје 24, Маврово 17, Охрид 18, Битола 22, Дојран 25, Кавадарци 24…

Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за повремен снег. Дневната температура ќе се движат од 15 до 22 степени.

Во понеделник дневните температури ќе паднат и ќе се движат од 9 до 16 степени.