Денеска се чествува Денот на Република, 2-август

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Прославата во Крушево, Пелинце и Скопје се одвива според посебни протоколи и без масовни собири.

Годинешните свечености во Крушево, Пелинце и во Скопје, со кои ќе се одбележи 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание,  се одржаaт со заеднички лајтмотив – „Победа за сите“.

Во протоколите, покрај бројот на учесниците, опфатени се и здравствено-безбедната организација на местата каде што  се одрaжаaт свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита.

Обраќање по повод празникот премиерот Оливер Спасовски ќе има на скопската тврдина Кале.

Оваа година претседателот на државата, Стево Пендаровски, се обраќа на свеченоста во Меморијалниот центар „Пелинце“.

Во Крушево, на Мечкин Камен, настаните се одбележуваат под покровителство на Собранието.

Владината делегација во Крушево ќе ја сочинуваат вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

За исполнување на препораките од протоколот, содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и без народните собири на отворено и во угостителските објекти.

Share.