Денеска во Прилеп 53 нови случаи на коронавирус

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 53 нови случаи на коронавирус, а 15 лица оздравеле од заразната болест, соопштија од Општина Прилеп.

Бројот на активни случаи изнесува 389, од кои 336 се наоѓаат на домашно, а 53 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 680 лица,. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1225.

Share.