Денеска во Собранието ќе се расправа за породилното боледување

0
503

Денеска во Собранието ќе се одржи седница на Законодавно-правната комисија.

Пратениците-членовите на оваа комисија ќе ја разгледуваат Граѓанската иницијатива со предлог да се донесат измени на Законот за работни односи.

Во оваа иницијатива граѓаните предлагаат да се измени породилното боледување и наместо девет да трае 12 месеци.

Иницијативата ја потпишале 217 граѓани, а е доставена преку овластениот предлагач Снежана Кузмановска.