Дигитализацијата и сајбер безбедноста како менаџерски предизвици

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

БАС Институтот за менаџмент од Битола со организаторство со Бизнис Академија Смилевски – БАС и Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта,во петок  и сабота  ќе ја одржат шестата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки” со посебен тематски фокус „ Дигитализацијата и сајбер безбедноста како менаџерски предизвици”.

„Оваа тематика со сета своја жештина се актуелизира во дадениот момент на оние димензии кои што досега беа признавани но не толку практикувани. Во таа смисла ние очекуваме на оваа конференција да дадеме придонес во таа насока. Но димензијата на дигитализација и сајабер заштитата не е актуелна само сега, туку БАС уште од своето постоење имаше дигитализираност на едукативната логистика со приклучување на целокупната воспитно-образовна дејност на Мудл платформата и на тој начин влеговме подготвени во овај процес сега на он-лајн учење и на он-лајан студирање“, рече проф. д-р Цветко Смилевски, претседател на програмски одбор на Конференцијата

Конференцијата ќе се одржи он лајн а линкови за посета сите заинтересирани ќе можат да најдат на веб страната на Бизнис Академија Смилевски.

„70 тина автори, преку 52 научни трудови распоредени во четири секции ќе ги презентираат најновите научни достигнувања во областа на дигитализацијата која што се повеќе се имплементира во нашето секојдневно живеење и организациско работење, а паралелно со дигитализацијата се развиваат сите оние алатки кои што може да имаат негативен ефект по информациите во организациите“ , рече проф. д-р Лидија Стефановска, претседател на организациски одбор на Конференцијата;

Целта на настанот е истакнување на улогата на која дигитализацијата  ја има во сите сфери на општествените и социјаланите промени. Посебен акцент ќе биде ставен на дигитализацијата како модерен, менаџерски и образовен предизвик.

„ Како панелисти ќе се обидеме да дадеме одговор на причините за разноликоста во разбирањето на дигитализацијата, колку образованието на една страна и бизнис секторот работат на исто,за компетенциите на младите кадри на пазарот на трудот во време на дигитализација, за моралната и општествената одговорност во просторот на дигитализацијата, и извлечените позитивни и помалаку успешни приказни од практиката особено од забрзаната дигитализација во време на пандемијата“,  изјави проф. д-р Гордана Тасевска, еден панелистите

После отворањето на конференцијата ќе се одржи и панел дискусија „Менаџерски муабети“ со наслов Дигитализацијата како носител на општествени и социјалани промени на која што ќе настапат следниве панелисти:

„Проф.др. Томе Неновски, ректор на УАКС, мр.Елизабета Наумовска, поранешен заменик министер за образование, проф.др.Гордана Тасевска, др.Николче Шулевски, доктор на наука по методика на он-лајан настава и Менде Мицевски, директор на Сектор за усогласеност со прописи и човечки ресурси во Стоапанска Банка АД Битола“, рече проф. д-р Лидија Стефановска.

„Исто така во соработка со Универзитетот од Будимпешта работиме на БАС работи на проширување на своето академско портфолио со развој на студиска програма во областа на дигитализацијата и сајбер заштитата. На тој начин очекуваме дека ќе бидеме во тек не само со она што е актуелен миг во општеството туку и да излеземе во пресрет и на потребата на младите за посистематско совладување на теоретските концепти и на алатките за овај вид на нивната професинална определба“, рече проф. д-р Цветко Смилевски.

На сите 6 досегашни Меѓународни конференции досега биле презентирани 601 научен труд, што како што беше речено на денешната пресконференција, претсавува задоволство за програмскиот одбор и доказ дека тој внимателно ги избира тематските фокуси да тие бидат современи и да побудат особен интерес кај авторите кои што ги пишуваат трудовите.

 

 

 

Share.