Димитров нема да разговара со Коѕиас за името

0
612

Премиерот Зоран Заев по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство,  каде беше повикан како сведок и оштетен во случајот „Таргет“, за незаконско прислушување на над 5.000 граѓани рече дека министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска замина за Атина каде нема да разговара за името.

„Целта на посетата е да се воспостават подобри односи меѓу соседите, да направи терен за почести средби на високо ниво“, изјави Заев.

Заев очекува тенденција на позачестени состаноци меѓу високите претставници на Република Македонија и на Република Грција, вклучително и на премиерите на двете земји.

– Го очекуваме господинот Нимиц да ја посети и Македонија и Грција, се со конечна цел да ги убрзаме ваквите процеси, при тоа секако, нашиот став е јасен. Ставовите поврзани околу уставното име на Република Македонија ќе ги градиме во конзензус со опозицијата, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните, изјави Заев.